ВИДЕО: Лејкерси убедливи кај Оклахома, Дончиќ го предводеше Далас до ново славје

Лос Анџелес Лејкерси со убедлива партија ја „збришаа“ Оклахома и славеа со 128-99 на гостински паркет. Домаќинот не беше конкурентен во текот на целиот натпревар, па шампионот го искористи тоа и им приреди дебакл. Тројцата најефикасни играчи доаѓаа од Лејкерси и тоа најпрецизен беше „кралот“ Џејмс со 26 поени, па следеше Харел со 21 и Дејвис со 18 поени. Кај Оклахома најдобар беше Гилџиус-Александер со 17 поени на своето конто. 

Натпреварот уште од првите минути покажа дека Тандерс ќе загубат, бидејќи Лејкерси поведоа двоцифрено веднаш на стартот. Негативата беше пристојна во првиот дел, иако гостите поведоа со +24, на полувреме таа разлика се преполови. Сепак, неколку серии на шампионот го решија натпреварот и ја вратија огромната залиха на поени за лесна победа. 

Лука Дончиќ го предводеше Далас до нова победа, овојпат во „Спектрум Центар“ кај Шарлот од 104-93. Младиот Словенец со „дабл-дабл“ од 34 поени и 13 скокови, но и девет скокови беше најдобар и за малку ќе имаше троен ефект. Интересно, најблизу во статистиката на поени му беа Хардавеј и Розие со по 18 поени. Екипата од Тексас уште од почетокот поведе убедливо и ја одржуваше предноста во текот на целиот натпревар. 

На останатите терени, Милвоки победи кај Детроит (110-101), Бруклин слави кај Никси (116-109), Минесота дома загуби од Мемфис (107-118), Клиперси беа поуспешни од Њу Орлеанс (111-106) и Портланд во ефикасен натпревар го скрши Сакраменто (132-126).

Најнови вести од
НБА, САД