ВИДЕО: Лејкерси теоретски без плеј-оф, Леброн по 14 години без борба за прстенот

Една од најтрофејните екипи во историјата на НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс остана без шанси за пласман во плеј-офот. Теоретските надежи беа загубени откако ноќва „езерџиите“ загубија од Бруклин пред своите гледачи со 111-106.

Со скор 31-41 екипата на Леброн Џејмс е на 11. место на табелата во Западната конференција и не може да го стигне осмопласираниот Сан Антонио до крајот на регуларниот дел на сезоната во кој преостануваат уште две недели. Леброн Џејмс за првпат по 14 години нема да се бори за шампионскиот прстен, откако последен пат не играше во плеј-офот во сезоната 2004/05 во дресот на Кливленд.

  • Извештај од натпреварот: 

Против „мрежичките“ Леброн постигна 25 поени, а запиша и 14 асистенции и девет скока. Најефикасен во победничката екипа беше Харис со 26 поени (6/8 за три поени).

Во останатите натпревари, Орландо го совлада Мемфис со 123-119, Кливленд загуби од ЛА Клиперс со 108-110, Њујорк беше надигран од Денвер со 93-111, а Торонто пред своите гледачи загуби од Оклахома со 109-116.