ВИДЕО: Лејкерси со втор домашен пораз во низа, Пол испиша историја во Мемфис

Лејкерс

Мајами Хит ја искористи лошата реализација на Лос Анџелес Лејкерс (94-96) и му го нанесе вториот пораз во низа на шампионот на домашен терен.

Алекс Карусо шутираше за да го израмни резултатот, но промаши во последните секунди, по асистенција на Леброн Џејмс. Тивката шутерска вечер на „кралот“ донесе нов неуспех за „езерџиите“, кои и натаму играат без повредениот Ентони Дејвис. Младиот Кендрик Нан со 27 поени беше најефикасен на теренот во „Стејпс Центар“.

Луда завршница донесе мечот меѓу Шарлот и Голден Стејт (102-100) на кој се радуваше домашниот тим. Херој беше Тери Розир кој со звукот на сирената ги урна „воините“. На последната акција му претходеше мала мешаница и исклучување на темпераментниот Дрејмонд Грин. Тоа го искористија Хорнетси за да им се вратат на победите, против Вориорси кои настапија без Стеф Кари.

Крис Пол го надмина легендариот Оскар Робертосон на шестата позиција по бројот на асистенции на сите времиња, а Феникс Санс немаше големи проблеми на теренот на Мемфис (97-128). Тимот од Аризона беше фантастичен во првиот дел, а потоа можеше да се опушти и мирно да го одигра продолжението од натпреварот. Најдобар поентер за „сонцата“ беше Девин Букер со 23 поени.

„Трипл-дабл“ учинокот на Расел Вестбрук му помогна на Вашингтон да го освои Портланд (111-118). Гостите однесоа изненадувачка победа благодарение на 27 поени, 13 асистенции и 11 скока на својата прва ѕвезда.

Одличната сезона Зек Лавин ја продолжи со 38 поени во триумфот на Чикаго на домашен терен против Сакраменто (122-114).