Лејкерси со официјална жалба до лигата поради малиот број слободни фрлања на Леброн

Лејкерс

Во пресрет на вечерашното четврто соочување меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс во западното конференциско финале, екипата на Френк Вогел испрати жалба до НБА лигата.

Причина за тоа е малиот број слободни фрлања кои ги шутира Леброн Џејмс, кому судиите не му доделуваат фаули како на останатите актери на теренот, сметаат „езерџиите“.

Првата ѕвезда на Лејкерси упати само десет слободни фрлања во првите три средби. Тоа е чудно за неговиот тим, кој побара од судиите поголема заштита за него во преостанатиот дел од плеј-офот.

Леброн постигнува 23,7 поени во просек во оваа серија, но минимален дел од нив доаѓаат поради фаули од страна на противниците.

Останува да видиме како ќе реагираат судиите и дали ќе го променат својот начин на работа во четвртата средба.