Лејкерси се засилуваат со најдобриот блокер во НБА лигата!?

Мајлс

Американските медиуми пишуваат дека екипата на Лос Анџелес Лејкерс ќе ја засили одбраната со кошаркар на Индијана Пејсерс.

Се работи за Мајлс Тарнер, кој моментално е најдобар блокер во НБА лигата. Френк Вогел не е задоволен со играчите под кошот, па наводно одлучил да побара вакво засилување од управата. 25-годишникот би сакал да си замине од Индијанаполис. Ако успее во својата намера, тој наскоро ќе заигра покрај Леброн Џејмс, во обид да атакува на шампионска титула.

Тарнер во тековната сезона има просек од 13,1 поени и 7,4 скока по натпревар.