Лејкерси размислуваат за Хауард, Кармело и Ноа како замена за повредениот Казинс

Лејкерс

Новата повреда на Демаркус Казинс донесе проблеми за раководството на екипата на Лос Анџелес Лејкерс.

Се чинеше дека ростерот за претстојната НБА сезона е комплетиран, но сето тоа се промени пред неколку дена. 29-годишниот центар ги скина вкрстените лигаменти во коленото и ќе мора да прави долга пауза.

Тоа отвора можност да пристигне ново име во редовите на „езерџиите“. Првите три опции за празното место се Двајт Хауард, Кармело Ентони и Јоаким Ноа.

Тука се и Марцин Гортат и Кенет Фарид, а конечната одлука ќе биде позната во следните неколку дена.

Славната франшиза од Калифорнија има високи амбиции оваа сезона. По трансферот на Ентони Дејвис, фановите очекуваат борба за титула и нова шампионска парада.