Лејкерси први фаворити за титулата наредната сезона, следуваат Милвоки и ЛА Клиперс

ЛА Лејкерс

Само што заврши НБА финалето, во кое победата ја однесе екипата на Торонто Репторс, обложувалниците во Лас Вегас направија листа на најголеми фаворити за шампионскиот прстен наредната сезона.

Изненадувачки на првата позиција е тимот предводен од Леброн Џејмс, Лос Анџелес Лејкерс. Иако допрва ќе се знае конечниот ростер и големите засилувања на „езерџиите“, во очите на експертите тие ја предводат конкуренцијата во сезоната 2019/20.

На второто место е Милвоки Бакс на Јанис Антетокумпо, а трет фаворит е Лос Анџелес Клиперс кој најверојатно ќе се засили со Каваи Ленард, МВП играчот на овогодишното финале.

Повредите на Кевин Дурант и Клеј Томпсон го оставија Голден Стејт меѓу фаворитите од сенка заедно со Хјустон, Бруклин, Бостон и Денвер.