ВИДЕО: Лејкерси „нагазија“ во финишот и ја освоија Атланта, шести пораз во низа за Далас

Леброн Џејмс

Шампионот Лос Анџелес Лејкерс ја заокружи 14-дневната турнеја на Истокот со победа кај Атланта Хокс (99-107). Тимот на Френк Вогел одигра најдобро во завршницата и со серија од 11-0 успеа да го одбие нападот на домаќинот да направи пресврт. Дејвис беше прво име кај „езерџиите“ со 25 поени, колку што постигна Јанг за домашниот тим, а Леброн го заврши мечот со 21 поени, девет асистенции и седум скока.

Лошата серија на Далас Маверикс се искачи на шест порази во низа. Лука Дончиќ и дружината беа немоќни против Феникс (108-109) кој стигна до триумф со тројката на Девин Букер на 1,5 секунди до крајот. Словенецот неодамна изјави дека тимот мора што поскоро да реши некои проблеми со односо на теренот, но тоа според последниот резултат очигледно и натаму претставува пречка. Ветеранот Крис Пол исто така беше одличен, постигнувајќи највисоки на мечот 34 поени зад своето име.

Хјустон по подолг период се врати во позитивен биланс на табелата и сега има скор 10-9, со вчерашното славје кај Оклахома Сити (106-136). Седум играчи на гостите завршија со двоцифрен поентерски учинок, а тимската игра донесе дебакл на домашните кошаркари на свој терен.

И покрај тивката вечер на Јанис Антетокумбо, Милвоки запиша една од поубедливите победи сезоната против Портланд (134-106). Веќе на полувреме се знаеше кој ќе ја однесе победата на овој дуел, со оглед на високата предност во корист на домаќинот.

На останатите натпревари Шарлот го изненади Мајами, Кливленд за нијанса беше подобар од Минесота, Чикаго го среди Њујорк, а гостински победи запишаа Мемфис и Сакраменто.