ВИДЕО: Лејкерси ја прекинаа серијата порази, Јута падна во Мајами

Шампионот Лос Анџелес Лејкерс ја прекина црната серија и славеше против Портланд со 102-93. Леброн Џејмс блесна и запиша 28 поени и 11 скокови, а одличен ривал имаше во Демјан Лилард, автор на 35 поени.

Поранешниот првак Голден Стејт Вориорс запиша триумф против Шарлот со 130-121, а Стеф Кари крај своето име запиша 29 поени. Дрејмонд Грин запиша „трипл-дабл“ со 11 поени, 12 скокови и 19 асистенции.

Бостон ја надигра Индијана со 118-112, со Кемба Вокер со 32 и Тајс со 17 поени како главни актери во триумфот. 

Мајами покажа шутерски квалитети и со одличен последен квартал ја совлада Јута со 124-116. Најдобриот тим во лигата сезонава го сруши Батлер со 33 поени и 10 скокови. Одличен беше и Горан Драгиќ, кој го заврши натпреварот со 26 поени.