ВИДЕО: Лејкерси испуштија -19 против Голден Стејт, Харден и Дурант го срушија Антетокумбо

Кари

Првиот сезонски дуел меѓу Стеф Кари и Леброн Џејмс заврши во полза на кошаркарот на Голден Стејт кој погоди клучна тројка во завршницата на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс (113-115). „Воините“ се вратија од -19 и на крај стигнаа до шокантен пресврт на теренот на противникот. Ѕвездите на домашниот тим одиграа резервирано и на крај дозволија четврт сезонски пораз на екипата. Леброн постигна 19, Дејвис 17, а најефикасен на мечот беше Кари со 26 поени.

Неизвесна завршница имаше и на дуелот меѓу Бруклин и Милвоки на кој Кевин Дурант го одлучи прашањето на победникот (125-123). Дербито на Источната конференција не разочара и донесе нов блесок на новајлијата во тимот на „мрежичките“ Џејмс Харден. Неговата асистенција на крајот ја искористи Дурант за да погоди тројка за победа. 

Харден заврши со 34, четири повеќе од Дурант, а кај гостите се истакна Антетокумпо со 34 поени и 12 скока.

Торонто врза трета победа во низа против Далас (116-93) за кој тивка ноќ имаше Лука Дончиќ. Словенецот беше далеку од своето најдобро издание, па тоа се почувствува во конечниот резултат. 

Бам Адебајо и Горан Драгиќ беа одлични во домашниот триумд на Мајами против Детроит (113-107). Вицешампионот од минатата сезона има мали проблеми на стартот од новата и засега стои на негативен скор од 5-7.

Во период кога сите го посакуваат, Зек Лавин продолжува да реди фантастични шутерски настапи. Со 33 поени тој беше лидер на Чикаго во успехот на свој терен против Хјустон (125-120).