ВИДЕО: Лејкерси испаднаа и од плеј-ин зоната, Дерозан брилијантен против Клиперси

Атланта Хоукс обезбеди пласман барем во плеј-ин турнирот на Источната конференција на НБА лигата, победувајќи го Кливленд Кавалирс со 131-107.

Хоукси одлично го започнаа натпреварот, имаа двоцифрена предност веќе во првата делница, па до крајот само го зголемија водството и ја забележаа четвртата последователна победа. Со овoj триумф го потврдија местото барем на плеј-ин турнирот во Источната конференција. Моментално се на десеттото место со скоро 40-37, колку што имаат Шарлот Хорнетс и Бруклин Нетс.

Најдобар во победничкиот тим беше Тре Јанг со 30 поени и 9 асистенции, а Кевин Хуертер додаде 23 поени. Од друга страна, Чеди Осман постигна 21 поен, Дариус Гарланд постигна 18, а Мозес Браун заврши со 15 поени.

Ѕвездениот тим на Лос Анџелес Лејкерс забележа нов пораз, откако беше немоќен на натпреварот против Јута Џез и загуби со 122-119. Со овој пораз „езерџиите“ испаднаа и од плеј-ин зоната, па до крајот на регуларниот дел ќе мора да одиграат без грешка доколку сакаат да останат во игра за пласман во плеј-офот.

Кошаркарите на Чикаго Булс по продолжението славеа над Лос Анџелес Клиперс со 135-130, во натпревар во кој Демар Дерозан блесна со 50 поени, од кои дури 17 во последната четвртина и уште 10 во дополнителните минути.

Клиперси имаа водство речиси во текот на целиот натпревар, но Дерозан на крајот од последната делница постигна три врзани коша и се избори за продолженија. Во дополнителните минути „биковите“ беа за нијанса подобри и извојуваа заслужена победа..

Дерозан покрај 50-те поени имаше уште пет скока и шест асистенции. Одличен беше и Никола Вучевиќ кој натпреварот го заврши со 22 поени.

Продолженија се играа и на дуелот меѓу Милвоки Бакс и Бруклин Нетс, во кој триумф запиша актуелниот шампион со 120-119. Славјето го донесе Јанис Адетокумбо со две слободни фрлања на три секунди до крајот, додека потоа Кевин Дурент потоа промаши шут за три поени за победа на „мрежичките“.