ВИДЕО: Лејкерси го „задржаа“ Јокиќ, Убре и Кари го срушија Далас!

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси победија во домашната средба против Денвер Нагетс со 115-93. Одличната игра во одбраната на шампионот не му остави шанса на Никола Јокиќ да се истакне и Денвер беше значително ослабен во офанзивата. Задржувајќи го најдобриот противнички играч на „само“ 13 поени и десет скокови, шампионот покажа искуство и заслужено слави. 

  • Лос Анџелес Лејкерс - Денвер Нагетс: 

Иако Денвер тргна добро, поведе на стартот, а пред полувремето имаше и двоцифрена позитива, немаше сили за нешто повеќе од тоа. Предноста на Нагетси почна да се топи на стартот од вториот дел, па Лејкерси ја презедоа пол-позицијата и со неколку серии се одлепија пред ривалот. На крајот, со 15-0 шампионот апсолутно го потврди триумфот над Денвер. 

„Кралот“ Леброн Џејмс собра „трипл-дабл“ ефект со 27 поени и по десет скокови и асистенции, додека Шрудер го следеше со 21. Кај Денвер се истакна Мареј со 20 поени, додека Ентони Дејвис и Никола Јокиќ останаа на по 13 поени.

  • Далас Маверикс - Голден Стејт Вориорс: 

Убедлива партија одиграа Голден Стејт Вориорси во „Американ Еирлајнс Центар“ против Далас Маверикс, победувајќи со 147-116. Одличните партии на Убре и Стеф Кари беа премногу за Дончиќ и Далас, па Вориорси си заминаа со триумф од Тексас. Гостите со убедлива партија стигнаа до заслужено славје кај Далас. Тимот го предводеше Убре до 40 поени, а надоврза и осум скокови. Стеф Кари собра 28 поени, Лука Дончиќ 27, додека Криштапс Порзингис 25. 

  • Атланта Хокс - Јута Џез:

На останатите терени, Јута Џез победи кај Атланта Хокс (112-91), Портлант Треил Блејзерс слави кај Филаделфија (121-105) и Хјустон беше подобар од Мемфис (115-103).