Лејкерси го менуваат Кузма со Хилд од Сакраменто?

Кузма

Крајот на НБА лигата ги донесе очекуваните шпекулации околу можните трејдови кои ќе се случат во пресрет на новата сезона.

Лос Анџелес Лејкерс постојано е меѓу најозборуваните екипи во американските медиуми. Така е и во изминатиот период, кој го одбележа Милвоки Бакс и неговата прва шампионска титула по 50 години пауза. 

Наводно, „езерџиите“ се подготвени да се ослободат од Кајл Кузма. Талентираниот кошаркар би бил испратен во Сакраменто Кингс, а во спротивен правец ќе се упати Бади Хилд.

Леброн Џејмс е на крајот од својата кариера, па нема да губи време и ќе се обиде да формира супер-екипа, за да има шанса да се бори за нов прстен во претстојната сезона.