ФОТО: Лејкерси ги добија најскапите прстени во историјата на НБА

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс пред стартот на новата сезона ги доби шампионските прстени поради титулата која ја освои лани.

Пред дуелот со градскиот ривал ЛА Клиперс, Леброн и дружината ги примија заслужените одличја. Се работи за најскапиот прстен во историјата на НБА-лигата, со посебни мотиви.

На прстенот има симбол во чест на Коби Брајант - „црната мамба“, која е изгравирана зад бројката, а истовремено прстенот може да се отвори и таму ги има сите повлечени дресови во историјата на ЛА Лејкерс, меѓу нив е и оној на Коби.

Тимот од „градот на ангелите“ важи за фаворит за НБА-тронот и оваа сезона.