Лејкерси формираат свое големо трио: Лавин пред преселба во ЛА

ЛА Лејкерс

Трејдот на Џејмс Харден во Бруклин Нетс како да ја заплаши конкуренцијата, па неколку екипи веднаш започнаа да разгледуваат опции да се засилат. 

Една од нив е Лос Анџелес Лејкерс која наводно сака да соработува со Зек Лавин. Одличниот шутер од Чикаго Булс игра фантастична сезона и наскоро би можел да премине во тим кој важи за голем фаворит за титулата.

За него „биковите“ богато ќе бидат наградени. Лејкерси се подготвени да се откажат од Калдвел Поуп, Кузма, Карусо, Хортон-Такер и еден пик на драфтот во 2027 година.

Со неговото евентуално доаѓање, „езерџиите“ ќе формираат свое големо трио вклучувајќи ги Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Левин е мета на многу екипи, а оваа сезона има висок просек на постигнати поени по натпревар од 28,3.