Лејкерси бираат нова ѕвезда од листа која ја предводи Каваи Ленард

ЛА Лејкерс трансфери

Доаѓањето на Ентони Дејвис ја врати вербата кај фановите на Лос Анџелес Лејкерс дека можат повторно да сонуваат за шампионска титула во НБА лигата. Но, управата на клубот нема да застане тука. Се подготвува нов напад на уште едно големо име. Листата се состои од четири имиња, а на врвот на истата е Каваи Ленард.

Покрај членот на Торонто и МВП играчот на неодамна завршеното финале, „езерџиите“ ќе се насочат и кон Кемба Вокер, Кајри Ирвинг и Џими Батлер.

Исто така ќе се испратат понуди до Клеј Томпсон и Крис Мидлтон, кои се едни од најдобрите шутери во лигата, но фокусот ќе биде насочен кон еден од овие четворица кошаркари.

Некои експерти веруваат дека е подобро да се ангажираат двајца играчи од средна класа, наместо да се формира трио од големи ѕвезди.