Легендата на Њујорк Никс, Партик Јуинг позитивен на ковид-19

Легендата на Њујорк Никс и НБА лигата, Патрик Јуинг бил тестиран позитивен на коронавирусот. Тој се наоѓа во болница, но ситуацијата засега му е стабилна.

Сегашниот тренер на филијалата од универзитетот Џорџтаун, самиот ја потврди информацијата околу неговото тестирање. 

„Вирусот е навистина сериозен и не смее да се потцени. Им се заблагодарувам на медицинските работници и сите кои се наоѓаат во првите борбени линии. Јас ќе бидам добар и ќе излезам како победник“, напиша Јуинг. 

Во својата богата кариера Јуинг најдолго настапуваше во дресот на Никси и тоа од 1985 до 2000 година, а со нив стигна до две финалиња на НБА лигата, но за жал не успеа да се израдува на титулата. Пред крајот на кариерата замина од Њујорк и мина по една сезона во Сиетл и Орландо, додека во лигата бележеше просек од 21 поен и десет скокови.