• Иван Димовски

Некогашната НБА ѕвезда Пол Пирс упати пофалби за актуелниот МВП на лигата Шеј Гилџус-Александер. Суперѕвездата на Оклахома Сити Тандер продолжува да блеска и сезонава, предводејќи го својот тим до импресивен низ победи, па актуелниот шампион на лигата во моментот има скор 20-1.
Пирс е воодушевен од формата на Гилџус-Александер и не се двоуми да го спореди со најголемите имиња во историјата на кошарката.
Не можете да го запрете. Почнува да ме потсеќа на Мајкл Џордан, тој е „добро подмачкана машина“. Ги имавме Коби, Леброн, Дурант и сите имаа големи партии, ама овој лик константно дава по 30 или повеќе поени. Ретко е да се види таков фокус и таква глад“, изјави Пирс.
Оваа сезона популарниот ШГА има просек од 32,5 поени и 6,6 асистенции. И на стартот на новата кампања тој пружа МВП партии, па повторно се наметнува во трката за признанието.
