• Саше Љолес
Кошаркарите и стручниот штаб на Пелистер синоќа присуствуваа во Центарот за култура во Битола, каде заеднички го проследија филмот посветен на легендарниот Дражен Петровиќ.
Филмот „Дражен“ е снимен во чест на кошаркарскиот „Моцарт“ кој важи за најдобар кошаркар на просторите од поранешна Југославија, а оваа прекрасна спортска приказна ја доживеаја и членовите на „зелено-белите“, кои беа поканети од директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска - Илиевски.
Дражен Петровиќ секогаш важеше за беспрекорен професионалец и остави неверојатен пример за сите следни генерации. Неговото наследство остана врежано не само во поранешна Југославија, туку и во Соединетите Американски Држави, каде го носеше дресот на Портланд и Њу Џерси.
Пелистерци ја прекинаа серијата од четири порази и во неделата го совладаа Чаир 2030 во Битола. До крајот на годината вицешампионот на Македонија ќе се сретне со Вардар, Подгорица, ТФТ Скопје и Тиквеш.