Легендарниот Светислав Пешиќ ќе го предводи Дубаи во Евролигата?

Легендарниот кошаркарски тренер, Светислав Пешиќ, најверојатно ќе биде предводник на новоформираниот тим на Дубаи, јавуваат регионалните медиуми. 

Информацијата уште не е потврдена лично од Пешиќ, но медиумите дознаваат дека селекторот на Србија ќе го прифати предизвикот и ќе го води новиот клуб кој би требало да добие „зелено светло“ за настап во АБА лигата и Евролигата. Најверојатно истовремено ќе работи и во српската репрезентација, со која имаше голем успех и стигна до финалето на Светското првенство во Кина, каде „орлите“ беа поразени од Германија

Новиот клуб од Обединетите Арапски Емирати ќе има огромен буџет, а сето тоа ќе придонесе за популаризација на кошарката во оваа земја. Управата сака да доведе искусен и квалитетен тренер, па се чини дека изборот „паднал“ токму на 74-годишниот Пешиќ, кој зад себе има навистина блескава и трофејна кариера. 

Сѐ уште не е познато дали Дубаи ќе добие дозвола за настап во европските натпреварувања, но доколку тоа се случи, најверојатно тимот веднаш ќе добие звучни и ѕвездени засилувања. Први на листата се споменуваат познати имиња како Мајк Џејмс, Валтер Таварес и Факундо Кампацо