Легендарниот Душан Ивковиќ ќе ги советува мак-тренерите на семинарот на КФСМ! 

Викендов што следува Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) ќе го организаира својот прв семинар за едукација на тренери. 

Како што ветуваше во својата предизборна кампања, новиот претседател Перо Антиќ, остана на зборот и гости на овој семинар ќе биде кошаркарската легенда Душан Ивковиќ, кој заедно со Лазар Лекиќ и Октај Мехмути, ќе можат со тренерите да дискутираат на слободна тема. 

Распоредот на првиот тренерски семинар на КФСМ:

21 септември
Проф. Ненад Труниќ

9.00-10.15 - „Кошарка во иднината и основни белешки за планирање на тренинг во млади категории“
10.30-11.45 - „Обучување на двочекор, контрола на топка и основни движења во кошарката.“
12.00-13.15 - „Индивидуална техника и тактика на додавање, дриблинг, работа на нозе и финтирање.
13.15-14.00  – Кошаркарски судија или делегат - Дискусија

Пауза
Лазар Лечиќ – 15.00-15.15
Душан Ивковиќ - 15.15-16,30 – Слободна тема - Дискусија
Октај Махмути - 16.45-18.00 – Слободна тема - Дискусија

22 септември
Проф. Ненад Труниќ

9.00-10.15 - „Обука и усовршување на техника на шутирање“
10.30-11.45 - „Обука на основни одбранбени вештини низ специфични вежби“
12.00-13.15 - „Приказ на мини-баскет тренинг“
13.30- 14-45 - „Приказ на тренинг за У12 возраст“

Семинарот е задолжителен за сите тренери кои аплицираат за „Ц“ и за „Б“ лиценца. За „А“ лиценца задолжителни се предавањата на Душан Ивковиќ, Октај Махмути, како и предавањата под реден број 1 и реден број 4 на Труниќ на 21 септември.