Легендарниот бек останува во Жалгирис

Жалгирис

Артурас Милакнис ја продолжи верноста на Жалгирис и потпиша нов двегодишен договор со клубот од Каунас.

Досега ѝ помогна на екипата да освои девет титули во домашното првенство, а идната сезона за него ќе биде 11-та во литванскиот гигант.

„Каунас е мојот дом, а Жалгирис омилен клуб. Среќен сум што ќе останам тука уште една година. Пред нас се нови големи предизвици“, изјави 34-годишниот бек.

Досега Милакнис одиграл над 200 меча во дресот на Жалгирис и запишал 1,465 поени.