Легендарен плејмејкер доаѓа во стручниот штаб на Бостон Селтикс

Поранешниот НБА-кошаркар и легендарен плејмејкер, Сем Кесел е нов член на стручниот штаб во екипата на Бостон Селтикс. Американските медиуми пишуваат дека Кесел ја прифатил поканата од тренерот Џозеф Мазула и ќе биде еден од неговите помошници. 

Сем Кесел има навистина богата играчка кариера, тој е освојувач на три шампионски титули - две со Хјустон Рокетс и една со Бостон Селтикс. После пензионирањето, веднаш ја доби тренерската лиценца и беше дел од неколку клубови. Започна во Вашингтон Визардс, а во периодот помеѓу 2014 и 2020 година му беше прв помошник на Док Риверс во Лос Анџелес Клиперс. Во последните три години беше во стручниот штаб на Филаделфија 76'ерс. 

Пензионираниот кошаркар има веќе богато резиме и тој ќе се обиде да му помогне на Бостон да се искачи чекор погоре во новата сезона. Оваа година Селтикси беа запрени во финалето на Источната конференција, каде беа поразени од Мајами Хит со вкупни 4-3. Во својата играчка кариера Сем Кесел настапуваше за Хјустон Рокетс, Далас Маверикс, Бостон Селтикс, Њу Џерси Нетс, Милвоки Бакс, Минесота Тимбервулфс и Лос Анџелес Клиперс.