• Саше Љолес
Американскиот кошаркар Зак Ледеј официјално го напушти Партизан и ќе потпише двегодишен договор со Олимпија Милано, јавија повеќе регионални и европски медиуми.
„Еурохупс“ пишува дека останува само да се завршат административните работи и Ледеј наскоро ќе биде претставен во новата средина, каде најверојатно ќе му биде соиграч на нашиот Ненад Димитријевиќ, кој исто така наскоро треба да се приклучи на тимот.
30-годишниот Ледеј пристигна во Партизан пред три години токму од Милано, а претходно играше за Хапоел Галиба, Олимпијакос и Жалгирис Каунас. Минатата сезона во Евролигата бележеше просек од 10,2 поени, 4,6 скока и 1,5 асистенции.