ВИДЕО: Ледај побрз од сирената, Милано со голем пресврт го сруши Баерн

По вистинска драма и натпревар каков што посакуваат сите вљубеници во европската кошарка, Олимпија Милано се врати од двоцифреноо заостанување и го совлада Баерн Минхен со 79-78. Така, третопласираната екипа во регуларниот дел на сезона поведе со 1-0 во серијата против германскиот шампион. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во поголемиот дел од натпреварот гостите од Баварија водеа, на моменти и двоцифрено. Сепак, на почетокот на последниот квартал Олимпија Милано се доближи, целосно ја истопи предноста на Баерн, па дури и во 39. минута поведе. Во драматична завршница Баерн имаше прендност од 77-79, но „манекените“ го имаа последниот напад.

По прекрасната асистенција на Дилејни, Зах Ледај погоди на една секунда до крајот за победа на екипата на Еторе Месина (79-78). 

  • Победоносниот кош на Зах Ледај против Баерн;

Најефикасни поединци кај Олимпија Милано беа Ледај со 17 и Чачо Хернандез со 13 поени, а во тимот на Тринкиери одличен натпревар одигра Сили со 23 поени.

Вториот натпревар во серијата подобар од пет се игра исто така во „Форум“ во Милано в четврток вечер.