ВИДЕО: Леброн замоли, а судијата ги избрка фановите кои го навредиле

Леброн Џејмс имаше чудно барање до судиите во победата на Лејкерси над Индијана Пејсерс (124-116). 

Имено, „кралот“ побара од арбитрите и обезбедувањето да реагираат откако двајца домашни фанови наводно го навредувале. Момчето и девојката кои беа навивачи на Пејсерси седеа во првиот ред, ама беа избркани по реакцијата на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. 

  • Барањето на Леброн и реакцијата на обезбедувањето:

По натпреварот, кошаркарот на Лејкерси зборуваше за ситуацијата во Индијана. 

„Ништо не ми пречи, ама постои разлика кога навиваш за својот тим и го свиркаш противникот. Кога ќе се мине границата со непристојни гестови и зборови, никој не треба да се толерира. Никогаш не би зборувал така со навивач ниту играч“, смета Џејмс. 

Овој момент се случи во продолжението од натпреварот, во кој Леброн беше силно мотивиран и го заврши со 39 поени, шест асистенции, пет скока и два блока.