ВИДЕО: Леброн во стил на Коби – даде тројка од ДЕСЕТ метри вредна плеј-оф!

Леброн Џејмс беше човек на одлука во спектаклот од плеј-инот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс (103-100). Иако „кралот“ се мачеше со шутот во првиот дел, успеа да се консолидира и со одлична партија во вториот заедно со Дејвис го водеше тимот до триумф. 

На стартот на последната минута од средбата, Џејмс беше херојот на Лејкерси. „Кралот“ ја победи сирената, шутираше во пад наназад и од неверојатни десет метри погоди тројка, која подоцна се испостави како решавачка. 

  • Тројката на Леброн против Вориорси: 

Овој шут на Леброн неодоливо потсети на стилот во кој тројки шутираше покојниот Коби Брајант. Во благ пад, навален кон назад и оставајќи ја раката во воздух. За среќа на фановите, Џејмс ја погоди оваа тројка и го одведе тимот до плеј-офот.