• Сашо Поповски

Леброн Џејмс постигна 30 поени и собра 12 скока, со што се запиша во историјата како единствен кошаркар со уникатен податок зад своето име.
Четирикратниот НБА првак е првиот играч кој постигнал над 30.000 поени, собрал 10.000 скокови и поделил барем 9.000 асистенции. Со тоа уште еднаш докажа дека важи за еден од најкомплетните кошаркари на сите времиња.
Сепак, неговиот Лос Анџелес Лејкерс загуби кај Индијана Пејсерс и им се врати на поразите. Тоа носи нови главоболки и речиси сигурно ќе ги натера челниците наскоро да прават промени во ростерот.
Пред почетокот на сезоната „езерџиите“ важеа за главни фаворити за титулата, но сега се далеку од оваа позиција.