ФОТО: Леброн сруши уште еден рекорд на Коби, пред него сега е само Џабар

Леброн Џејмс

Леброн Џејмс беше капитен на победничката екипа на „Ол-стар“ егзибицијата во Чикаго. Тимот на ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс во неизвесен финиш запиша триумф над „Тимот на Јанис“, во меч кој донесе возбудувања, атракции и задоволни фанови ширум светот.

Леброн испиша историја во „Јунајтед Центар“ и го надмина Коби Брајант по бројот на стартови и појавувања на ѕвездената егзибиција.

Пред него според бројот на учества стои легендарниот Карим Абдул Џабар, кој има 18 настапи во својата богата кариера.

Џејмс го заврши натпреварот во Чикаго со 23 поени, шест асистенции и пет скока.