ВИДЕО: Леброн сруши нов рекорд, Вемби со луди бројки ја напаѓа МВП наградата!

Рекордите се секојдневиот за „кралот“. Леброн Џејмс стана четвртиот кошаркар во НБА лигата со 12.000 асистенции, а првиот 40-годишник кој на три меча по ред имал барем 25 поени и 10 асистенции. „Езерџиите“ го победија Феникс со 101-73 и со оваа победа обезбедија домашна предност пред разигрувањето.

Сан Антонио го надигра Далас со 139-120, а најзаслужен за тоа е Вембањама кој мечот го заврши со 40 поени, 13 скокови, пет асистенции и две украдени топки. Оваа статистика е постигната за само 26 минути и 13 секунди поминати на паркетот, со што Французинот уште еднаш потврди дека има квалитет за МВП наградата.

Денвер Нагетс ја надигра Оклахома Сити Тандер со 127-107, што е единаесетта победа по ред за Нагетси. Дајрон Фокс крај своето име запиша 18 поени и 10 асистенции, Келдон Џонсон постигна 17, а Харисон Барнс заврши со 15 поени.