Леброн со својот син Брони спремаат трејд со кој ќе ја нападнат титулата во НБА?

Од пред неколку дена се знае дека Џими Батлер е една од целите на Голден Стејт Вориорс, а најновото име кое се поврзува со трејд во НБА е веројатно најголемото име во светот на кошарката денес - Леброн Џејмс.

Брајан Виндхорст, новинар на „ЕСПН“, објави дека Голден Стејт е тимот што сериозно е заинтересиран за Леброн Џејмс, со кого очекува да нападне нов трофеј.  Од друга страна, желбата на Леброн е да освои прстен со својот син во тимот, а на сите им е јасно дека Лејкерси оваа сезона тешко дека ќе стигнат до нивото да се борат за титулата.

Лејкерси бараат центар, се споменува Валанчиунас, а доколку не се дојде до посериозен трејд, можно е Леброн со својот син Брони да отпатуваат во Сан Франциско.

Бил Расел е човекот кој освоил најмногу НБА прстени, дури единаесет во текот на кариерата која траеше тринаесет години. Леброн има само четири, но заедно со Џон Сели и Роберт Орие е единствениот кој освоил титули со три различни тимови.

Најнови вести од
НБА, САД