• Мартин Танасковски
Американската НБА-ѕвезда Леброн Џејмс блесна во Филаделфија и одигра едно полувреме на дебито против Бруклин Нетс на претсезонските мечеви.
Филаделфија доживеа пораз од 108-114, а Леброн играше во првиот дел и во него забележа десет поени, четири скока и пет асистенции. На паркетот, искусниот кошаркар мина само 18 минути.
Искусниот кошаркар покажа одлична ефикасност во нападот, го погоди единствениот обид од поле, додека од линијата за слободни фрлања беше беспрекорен со осум успешни обиди од исто толку шутирања.











