Леброн сериозно размислува да си замине од ЛА Лејкерс?

Леброн

Сите се прашуваат што носи иднината во кариерата на Леброн Џејмс. Лошите односи со управата на Лос Анџелес Лејкерс и разочарувачката сезона се доволни причини за тој да размислува да си замине и да бара нова играчка средина.

Ова го пишува американскиот новинар Сем Амик. Според него „кралот“ сака да биде конкурентен за нова титула, а заедно со тоа и да чекори кон поентерскиот рекорд на Карим Абдул Џабар.

Шпекулациите кои кружат најавуваат заминување на Леброн во летото 2023 година. Тогаш ќе заврши соработката меѓу „езерџиите“ и него, а потоа има намера да потпишува едногодишни договори, како што правеше во втората етапа кога се врати во Кливленд.

Моменталната ситуација во Лос Анџелес Лејкерс не му одговара на Џејмс. Меѓутоа многу работи може да се променат со неколку добри засилувања во текот на летниот период и формирање на екипа која одново ќе биде кандидат за врвот во НБА лигата.