ВИДЕО: Леброн се врати и донесе триумф во Индијана, Феникс не се октажува од првото место

Леброн

Леброн Џејмс се врати и најави дека ќе биде подготвен за плеј-оф возбудувањата. Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс постигна 24 поени во победата на гости кај Индијана Пејсерс (115-122). Шампионот до последниот ден нема да биде сигурен за место во доигрувањето. За да се најде на шестата позиција на Западот ќе мора да победи во Њу Орлеанс, а да очекува Портланд да загуби од Денвер.

Борбата за прваото место во западната конференција и натаму нема потврда. Феникс Санс убедливо го надигра Сан Антонио (103-140) и со тоа го одржа притисокот врз водечката Јута Џез. Девин Буксер со 27 поени беше најефикасен на теренот.

Тежок домашен триумф запиша Њујорк кој по продолжението го доби Шарлот (118-109). Одличната сезона ја потврди Џулиус Рендл со „трипл-дабл“ од 33 поени, 13 асистенции и десет скока.

Бруклин одигра рутински и го совлада Чикаго (105-91), Бостон беше убедлив кај Минесота (108-125), а Милвоки го доби дербито со Мајами (122-108).