• Горан Упале
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс доживеа тежок пораз од Чикаго Булс, кој до врв ја наполни мрежичката од кошот на тимот од Калифорнија и на крај заслужено славеше со убедливи 31 поен разлика (115-146).
Ниту фактот дека Лука Дончиќ имаше одлична шутерска вечер (34 поени), ниту тоа што Џеј-Џеј Редик можеше да смета на првата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс по пауза од шест натпревари, не беа доволни за да се избегне овој дебакл.
Едноставно, ништо не функционираше како што треба, ниту во дефанзивната фаза, ниту во нападот, а Словенецот сам се мачеше во обидите да го спречи 28-от пораз на калифорнискиот тим од почетокот на оваа сезона.
Фактот што Ривс додаде 25 поени, а Џејмс постигна 17, заедно со 10-те поени на Џексон, беше премалку да се победи разиграниот противник, кој во своите редови го имаше Коби Вајт кој забележа 36 поени. Матас Бузелис го следеше со 31, а Џош Гиди запиша „трипл-дабл“ од 12 поени, 10 скока и 17 асистенции.
Кошаркарите на Атланта Хоус славеа против Голден Стејт со сигурни 124-115. Хокси веќе беа на +20 во првата четвртина, а победата никогаш не беше доведена во прашање.
Вориорси беа ослабени со отсуството на нивниот најдобар играч Стеф Кари, кој се мачи со повреда на карлицата. Не помогна ниту Џими Батлер со 25 поени, осум асистенции и четири скока, а кај победниците се истакна Треј Јанг со 25 поени, 10 асистенции и 5 скока.








