ВИДЕО: Леброн се пцуеше со девојка, тензичен момент во Атланта

Леброн

Несекојдневен инцидент се случи на натпреварот меѓу Атланта Хокс и Лос Анџелес Лејкерс. Ѕвездата на гостите Леброн Џејмс влезе во конфликт со неколку навивачи на домашниот тим, кои седеа покрај паркетот, па судиите на момент мораа да го прекинат натпреварот.

Наводно, „кралот“ одговорил на провокацијата на еден човек, а потоа во целата ситуација се вмешала и неговата сопруга. Групата потоа мораше да ја напушти арената, со помош на обезбедувањето.

Џејмс го објасни моментот по мечот доста смирено и порача дека е среќен што конечно фановите добиваат шанса да бидат дел од НБА натпреварите.

Свое гледиште на ситуацијата даде и девојката која стана популарна преку ноќ поради расправијата со еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

Лејкерси „нагазија“ во завршните моменти од мечот и победнички ја завршија турнејата на Истокот, која траеше две недели.