Леброн: Се надевам на долг НБА плеј-оф, па ќе проценам дали ќе настапам на ОИ

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс зборуваше дека има желба да настапи на Олимписките игри во Токио летово. Тој веќе има три настапи на Олимписките игри, на кои освои две златни медали во Пекинг и Лондон. 

<<< - ПОВРЗАНО - Леброн, Дурант и Ленард на поширокиот список на САД за ОИ

Џејмс по објавувањето на поширокиот список од Грег Поповиќ зборуваше со локалните медиуми во Лос Анџелес, каде потврди дека сака да настапи во Токио.

„Моето име е на списокот и имам желба да играм. Се надевам дека ќе играм долг плејоф во НБА, а потоа ќе видиме каква ќе биде мојата ситуација, има многу фактори. Здравјето и семејството се сепак на прво место“, истакна Леброн.

Сепак „Кралот“ веќе има 35 години и настап на Олимписките игри, во случај на долг плеј-оф би бил вистински предизвик.