ВИДЕО: Леброн сам го среди Хјустон, епска партија на Ембид против Мајами

Леброн

Шампионот Лос Анџелес Лејкерс ја продолжи победничката серија на гостувањето кај Хјустон Рокетс (100-117). Леброн Џејмс и соиграчите доминираа против тимот кој се соочува со големи проблеми во тековната сезона. Првата четвртина заврши во полза на гостинската екипа со 14-35, што најави какви ќе бидат случувањата до крајот.

Џејмс Харден одново одигра незаинтересирано, во обид да го натера клубот да го пушти да си замине. Тоа го искористи Леброн за да постигне 26 поени и да ги води „езерџиите“ кон скор 9-3.

Супер интересен меч одиграа Филаделфија и Мајами кој на крај по продолжението заврши со победа на домашните кошаркари (137-134).

 Џоел Ембид остана „жежок“ и со 45 поени и 16 скока беше прво име кај Сиксерси. Вицешампионот има потешкотии на стартот од сезоната, кои се очекува да ги реши во продолжението, ако сака одново да се бори за највисок пласман преку плеј-офот.

Бурклин одново беше без Кајри Ирвинг, но расположениот Кевин Дурант донесе триумф над Денвер (122-116). Гостите во првиот дел имаа +16, но дозволија цела предност да ја загубат во третата четвртина. На крај „мрежичките“ беа поефикасни во завршницата и стигнаа до нова победа на домашен терен. Дурант со 34 поени се истакна во домашните редови, а Никола Јокиќ со 23 поени и 11 асистенции беше прво име кај тимот од Колорадо.

Јута беше убедлива кај Кливленд (87-117), Сан Антонио славеше кај Оклахома Сити (102-112), а Голден Стејт потклекна на домашен терен пред Индијана (95-104).