ВИДЕО: Леброн одигра симултанка и ги одведе Лејкерси во НБА-финале по десет години

Прогнозите се остварија и првиот фаворит за освојување на шампионскиот прстен. Лос Анџелес Лејкерс ќе игра во големото финале на најсилната лига на светот. По точно една деценија „езерџиите“ ќе се борат за титулата и на мегдан ќе излезат против Бостон или Мајами. 

  • Извештај од натпреварот:

Лејкерси утрово извојуваа победа со 117-107 против Денвер Нагетс и со 4-1 во победи ја завршија серијата. Контролата врз натпреварот на Леброн и другарите беше целосна. Водеа во поголемиот дел од натпреварот, а голем дел и двоцифрено. 

Денвер не се предаде и успеа да се врати од -16 и да израмни на 84-84. Сепак, во решавачките моменти, Леброн Џејмс доминираше и неговиот тим стигна до победа со двоцифрена разлика.

Џејмс оствари „трипл-дабл“ ефект со 38 поени, 16 скока и 10 асистенции. Голема поддршка имаше од Ентони Дејвис, автор на 27 поени. Кај Денвер најефикасен беше Никола Јокиќ со 20 поени и седум скока.

Лејкерси во финалето го чекаат подобриот од серијата меѓу Мајами и Бостон. Во моментов „жешките“ имаат предност од 3-2 во победи.