• Горан Упале
Американската кошаркарска суперѕвезда Леброн Џејмс, најдобриот играч на олимпискиот турнир во Париз, изјави дека не се гледа себеси на следните Олимписки игри во Лос Анџелес.
„Не, не се гледам себеси како играм во Лос Анџелес“, одговори 39-годишниот Џејмс на новинарско прашање дали размислува да игра на следните Олимписки игри.
Асот на Лос Анџелес Лејкерс во последниот натпревар против Франција, кој Американците го добија со 98-87, имаа 14 поени, шест скока, десет асистенции и пет украдени топки.
Тоа е негов трет олимписки златен медал, прв од 2012 година. Тој беше прогласен за МВП на олимпискиот турнир и беше избран во најдобрите пет. Заедно со него, таму се најдоа уште неговиот репрезентативен соиграч Стеф Кари, Германецот Денис Шредер, Французинот Виктор Вембањама и Србинот Никола Јокиќ.