• Саше Љолес

Леброн Џејмс беше видно разочаран по елиминацијата на Лос Анџелес Лејкерс од Денвер Нагетс и помалку нервозно го напушти теренот, но на прес-конференцијата по мечот зборуваше во манир на вистински професионалец и најави успешен настап на Олимписките игри во Париз.
Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ќе допатува со „дрим-тим“ од НБА лигата, а „кралот“ Џејмс смета дека му е потребен краток одмор пред да се приклучи на националниот тим.
„Заврши уште една НБА сезона. Можевме да бидеме и поуспешни, но сега тоа е во минатото. Имам малку време да се посветам на моето семејство и да ги проследам нивните активности. Двајца мои синови играат професионална кошарка, ќерка ми игра одбојка, а сопругата работи на многу хуманитарни проекти.
Сега е вистинско време да им се посветам ним, а потоа ќе се приклучам на репрезентацијата во Лас Вегас и ќе ги започнеме подготовките за Олимписките игри. Одиме во Париз да го освоиме златниот медал и убеден сум дека ќе успееме во тоа. Се гледаме во Франција“, изјави Џејмс.
Денвер Нагетс со вкупни 4-1 ги елиминираше „езерцата“, а Леброн Џејмс ја заврши својата 21. сезона во најквалитетното кошаркарско натпреварување на светот.