Леброн: Немаме друг избор освен да ја елиминираме Минесота

Леброн Џејмс и Лос Анџелес Лејкерс доживеаја пораз од Минесота во третиот натпревар од плеј-оф серијата (116-104), а по натпреварот „кралот“ изјави дека сите во тимот знаат што треба да направат за да го елиминираат ривалот. 

Џејмс постигна 38 поени во поразот на неговиот тим, но немаше вистинска поддршка од соиграчите, па затоа смета колективот мора да се подобри на следните натпревари. 

„Можевме да одиграме далеку подобро. Соиграчите се обидоа да бидат на висина на задачата, но мора да ја пофалиме и Минесота за одличниот пристап. Знаеме дека немаме друг избор, мораме да го елиминираме противникот, но за тоа ќе мора многу да се подобриме. 

Не сакам да верувам дека лесно ќе се откажеме од оваа серија. Знам дека ќе се бориме до самиот крај и нема да отстапиме од нашата мисија. Лејкерси допрва ќе го прикажат најдоброто од себе“, изјави Леброн. 

Минесота поведе со 2-1 во оваа серија, а четвртиот натпревар ќе се одигра на 27 април во 21:30 часот.  

Најнови вести од
НБА, САД