Леброн: Нема да го потцениме Денвер, имаме почит што нема граница

Леброн ЛА

Вечерва Денвер Нагетс ќе се сретне со Лос Анџелес Лејкерс во рамки од конференциското финале на Западот. Тоа ќе биде прв натпревар од финалната серија, што ќе означи старт на борбата за место во завршницата.

Фаворитската улога е на страна на „езерџиите“ кои се предводени од Леброн Џејмс, кој во пресрет на мечот зборуваше за противникот и неговите квалитети.

„Нашиот следен противник е многу сигурен и тим со одличен тренер. Потребно е многу енергија, напор и многу очај за да можете да се вратите од негатива од 3-1. Денвер тоа го стори двапати. Значи, нивото на почит што го имаме за овој клуб е надвор од овој свет. Така влегуваме во оваа серија, знаејќи за што се способни тие и каква е нивната форма“, изјави „кралот“.

Лејкерси не играле НБА финале од 2010 година, кога покојниот Коби Брајант ја водеше екипата до титула.