Леброн не мисли на откажување на сезоната, тренира напорно под строг правилник

Леброн

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс им се врати на тренинзите. На сесиите е заедно со најмалку двајца негови соиграчи, почитувајќи ги строгите правила на однесување во овој период на пандемија.

Членот на Лос Анџелес Лејкерс од почетокот на шпекулациите за прекин на сезоната јавно повикува НБА лигата да не го презема овој чекор. „Кралот“ има свои причини за тоа што го зборува, со оглед на тоа што игра во екипа со најдобар скор на Западот, а воедно се наоѓа во 17-тата година во лигата.

Времето не е на страната на еден од најдобрите играчи на сите времиња, кој се обидува да сруши уште неколку рекорди до крајот на годината. Овој одмор ќе му користи, со оглед на годините, но сигурно нема да му се допадне одлука за прекин на сезоната.

Лејкерси играат одлично и се меѓу главните фаворити за тиутлата, заедно со ЛА Клиперс и Милвоки. Леброн, пак, атакува на нов МВП трофеј, за кого има голема конкуренција во Јанис Антетокумбо, кој победи минатата година.

Последните информации кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави се дека натпреварите ќе продолжат на Флорида, кое е едно од најбезбедните места во земјата.