Леброн не е загрижен: Сме се вратиле и по негатива од 3-1 и тоа во финале!

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс синоќа беа шокирани во првиот осминафинален натпревар од плеј-офот на НБА лигата. Актуелниот вицешампион забележа тежок пораз од Индијана Пејсерс, но и покрај тоа првата ѕвезда на Кавалирс, Леброн Џејмс, не е многу загрижен. 

„Кралот“ истакна дека овој тим е составен од неколку квалитетни и искусни кошаркари, кои знаат како да се вратат по ваква негатива. 

„Секогаш сум смирен во плеј-офот. Губам со 1-0 во првата рунда. Губев и со 3-1 во финалната серија. Јас сум последниот човек кој треба да го запрашате како се чувствува по ваков пораз. Овој тим има неколку квалитетни и многу искусни кошаркари кои знаат како да се вратат по негатива. Затоа не сум многу забрижан“, изјави Џејмс, алудирајќи на финалето од пред две сезони кога неговиот тим го освои прстенот по негатива од 3-1. 

Синоќешниот меч Леброн го заврши со нов „трипл-дабл“ - 24 поени, 12 асистенции и 10 скока.

Најнови вести од
НБА, САД