ВИДЕО: Леброн најдобар во славјето со Детроит, победи и за Голден Стејт и Милвоки

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси запишаа нова победа во НБА лигата, на домашен паркет против Детроит Пистонс (110-106). Дуелот кој беше повторна средба на Леброн Џејмс и Ajзија Стјуарт беше неизвесен, а на крајот се радуваше домаќинот во „Стејплс центарот“. Лејкерси продолжија со променливите резултати, па повторно победија по пораз во претходниот дуел. 

  • Лос Анџелес Лејкерс - Детроит Пистонс: 

„Кралот“ го предводеше својот тим со 33 поени, а беше блиску и до „дабл-дабл“, бидејќи подели и девет асистенции. Поен помалку уфрли Грант од Детроит, додека солидни партии имаа Расел Вестбрук со 23 поени, како и Ентони Дејвис со двоен ефект (24 поени и десет скока). 

Во „европски термин“ до победа стигна екипата на Голден Стејт Вориорс, кај Лос Анџелес Клиперс со 90-105. Пресметката во „Стејплс Центар“ во првиот дел му припадна на домаќинот, за потоа да дојде до пресврт и рутинско славје на „воините“. До седмата победа во низа, Голден Стејт го предводеше Стеф Кари со 33 поени, а му помогна Портер (18 поени и десет скока). Кај Клиперси најдобар беше Пол Џорџ со 30 поени и по пет скока и асистеници. 

  • Лос Анџелес Клиперс - Голден Стејт Вориорс: 

Јанис Антетокумбо со „дабл-дабл“ беше човек на одлука во дуелот против Индијана Пејсерс, додека за победата на Милвоки (100-118) му помогна и Холидеј. Грчкиот кошаркар со 26 поени и 13 скока ги водеше Бакси, пред Холидеј со 23 поени, со колку што заврши и ЛеВерт. Околу натпрварот, Милвоки константно водеше во Индијана, а иако домаќинот се приближи во второто полувреме не успеа да направи изненадување. 

  • Индијана Пејсерс - Милвоки Бакс: 

На останатите терени Мемфис се радуваше со Сакраменто (128-101) и Бостон се радуваше во Торонто (97-109).