Леброн на чекор од историја: Титула со Лејкерси му носи вечна слава

Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс ќе ги одмери силите со Мајами Хит во финалната серија од НБА лигата.

Леброн Џејмс ќе биде во центарот на вниманието на уште една завршница на сезоната. Ако победи ќе го освои четвртиот шампионски прстен во кариерата, и не само тоа, ќе испише историја како никој друг пред него.

Со триумф во финалето и МВП награда, „кралот“ ќе стане првиот играч кој го направил тоа со три различни екипи. Пред него, само Џон Сали и Роберт Хори станале шампиони со три франшизи. Претходно, првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс се радуваше на шампионскиот трофеј со Кливленд и Мајами.

Првиот натпревар се игра вечерва, а обложувалниците не гледаат друг исход освен рутинска и убедлива победа на „езерџиите“. Никој не верува дека Мајами може до изненадување против Леброн и Ентони Дејвис.