Леброн: Мислам дека никогаш повеќе нема да бидам на 100%...

Леброн Џејмс

Леброн Џејмс се врати по повредата и постигна 16 поени во поразот од Сакраменто. Фановите се радуваат на неговиот кам-бек, но не и на изјавата која ја даде ден подоцна.

Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс кажа дека овој процес на заздравување ќе остави последици кои ќе го спречат повторно да биде на 100% до крајот на кариерата.

„Како мој прв натпревар по шест недели, се чувствував добро. Што се однесува до глуждот, на моменти беше малку притиснат, очигледно, но излегов неповреден и прилично добар. Значи, тоа е добар почеток. Ми беше важно да се вратам што поскоро.

Го видовте записот за минути и часови на ден кога работев на рехабилитација и третман. Тоа беше многу повеќе отколку што спиев. Значи, во последните шест недели, тоа беше сè што правев. Брзав да се вратам и да играм. Мислам дека нема повеќе да бидам на 100% до крајот на мојата кариера. Тоа е невозможно“, изјави Леброн.

Лејкерси го бранат шампионскиот трофеј од минатата сезона, но повредите на екипата ѝ донесоа петто место на Западната конференција и потежок пат во овогодишниот плеј-оф.

Најнови вести од
НБА, САД