Леброн: Ме чекаше шише вино, а веќе го одложив за две продолженија...

Лос Анџелес Лејкерс по две продолженија славеше над Детроит Пистонс (135-129), а човек на одлука на натпреварот беше Леброн Џејмс, кој даде две тројки во самиот финиш на второто екстра-време и му донесе триумф на својот тим.

По дуелот, Џејмс говореше за американските медиуми и даде интересна изјава. Кажа дека не можел повеќе да чека и да игра ново продолжение, затоа што веќе е во години, а и дома имал подготвено вино кое веќе морало да „чека“ две продолженија.

„Бев подготгвен да си одам. Имам 36 години. Моето срце не е толку за две продолженија. Имав шише вино кое беше подготвено да биде отворено, а го одложив за уште две продолженија“, изјави Џејмс.

ЛА Лејкерс е актуелен првак во НБА-лигата и важи за фаворит да ја одбрани круната и оваа година.