Леброн: Кога ќе дојдам во некој тим, доаѓаат и победите

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се изборија за финале во Западната конференција во НБА лигата, откако со убедливи 4-1 славеа во серија над големиот ривал Хјустон Рокетс. 

Како и во текот на целата сезона, така и во полуфиналето, водечка алка на „езерџиите“ беше Леброн Џејмс, кој по обезбеденото финале изјави дека во Лејкерс дојде со одговорност да го врати тимот на победничките патеки.

„Јас имам име и стаж во оваа лига, сум постигнал големи работи. Кога ќе се одлучам да дојдам во некој клуб, со себе носам некои одговорности. Моето име доаѓа со победи. Јас ја преземам одговорноста за победите на тимот“, рече Леброн. 

Ова конференциско финале е прво за Лејкерси по пауза од десет години, а во истото ќе се судри со подобриот од серијата меѓу Лос Анџелес Клиперс и Денвер Нагетс (3-2).